Средства за заштита: ИНСЕКТИЦИДИ Активни материи: Thiamethoxam; Име на препарат: ACTARA 25 WG |
Употреба: ACTARA 25 WG e системичен инсектицид со умерена перзистентност, наменет за сузбивање на штетници во овоштарството, лозарството, градинарството и кај украсните растенија. Содржи 25% активна материја тиаметоксам. За заштитита на јаболката од зелента вошка и јаболковата сива вошка се препорачува во доза од 120 - 160 g/ha со потрошувачка на вода од 1000 L/ha, со фолијарна употреба кога ќе се забележи нападот од лисни вошки и доза од 200 g/ha со употреба на 1000 L/ha вода за сузбивање на јаболковата оса во перод по завршување на цветањето. Кај круката за сузбивање на обичната крушкова болва се користи во концентрација од 0,02 % со додавање на средство на база на минерално масло од 0,5% со употреба на вода од 1200 L/ha, фолијарно кога ќе се појават првите ларви. За сузбивање на лисни вошки се препорачува доза од 120-160 g/ha на 1000 L/ha, фолијарно, на почеток на нападот. Кај праската и нектарината за сузбивање на лисни вошки и зелената праскова вошка се препорачува во доза од 15 - 20 g на100 L вода. Кај портокалот, мандарината и лимунот се препорачува во доза од 12 - 15 g во 100 L вода за сузбивање на црната вошка, зелената праскова вошка и памуковата лисна вошка. Кај виновата лоза за сузбивање на цикади се препорачува во доа од 20 g на 100 L вода. На отворено кај краставицата, доматот, модриот патлиџан, пиперката, лубеницата, дињата, тиквицата и зелената салата се препорачува доза од 15-20 g на 100 L вода за сузбивање на памуковата лисна вошка, црната репина вошка, зелената праскова вошка и други видови на лисни вошки. Во заштитен простор кај истите култури се користи во доза од 15 - 20 g на 100 L вода за суабивање на памукова лисна вошка, црна репина вошка, зелената праскова вошка, лисна вошка кај салатата и други видови на лисни вошки. Во доза од 20 - 30 g на 100 L вода за суабивање на стакленичкиот штитест молец и тутунов штитест молец. Доза од 400 g/ha за суабивање на лисни вошки. За залевање на коренот или со употреба во ситемот капка по капка се употребува пред цветање на културата во доза од 800 g/ha за суабивање на штитести молци. Кај компирот се препорачува во доза од 100 g/ha за суабивање на зелената праскова вошка и други видови на вошки, фолијарно на почеток на нападот од лисни вошки. Во доза од 80 g/ha за сузбивање на компирова златица исто така фолијарно на почеток на нападот. Кај лукот се препорачува во доза од 200 g/hl, за сузбивање на трипс со потрошувачка на вода од 300 - 500 L/ha. За заштита на тиква од лисни вошки се препорачува доза од 150 - 200 g/ha а за заштита од штитест молец 400 g/ha. Кај тутунот се препорачува во доза од 20 - 30 g на 100 L вода за сузбивање на зелената праскова вошка. За потопување на контејнери со садници може да се употреби кај доматот, пиперката, модриот патлиџан, салатата, ендивија, брокула, цикорија, краставица, диња, лубеница, тиквица и украсни растенија пред пресадување на отворено во доза од 400 g/ha или со пресадување во затворен простор во доза од 800 g/ha во еднократна доза или раздвоени во две дози од по 400 g/ha за сузбивање на лисни вошки, оранжериски штитест молец, калифорниски трипс и тутунов трипс. За заштита на украсни растенија се користи во доза од 20 g на100 L вода за сузбивање на ружината лисна вошка, зелената праскова вошка и некои други видови на вошки а во доза од 20 - 30 g на 100 L вода за сузбивање на оранжериски штитест молец и тутунов штитест молец. Спектар на дејство: Aphididae, Aphis pomi, Bemisia tabaci, Cacopsylla pyri, Dysaphis plantaginea, Dysaphis devecta, Dysaphis plantaginea, Dysaphis piri, Hoplocampa testudinea, Leptinotarsa decemlineata и др. Може да се користи и за третирање на семе. Тогаш штити од: Aphis fabae, Atomaria linearis, Bothynoderes punctiventris, Brachycaudus helichrysi, Chaetocnema tibialis, Elateridae, Tanymecus dilaticolis и др. Предупредување: Дозволени се до две третирања во текот на вегетацијата на една иста површина кај јаболка, круша, праска, нектарина, компир, тутун, винова лоза и украсни растенија. Кај краставицата, доматот, модриот патлиџан, пиперката, лубеницата, дињата и тиквицата во заштитен простор дозволени се најмногу две примени во текот на една вегетација, освен во случај на сузбивање на штитести молци (Aleyrodidae) преку почва кога е дозволена само една примена во вегетација.Салатата може ад се сее 29 дена по вадењето на раниот компир третиран со ACTARA 25 WG. Каренца: 28 дена за портокал, мандарина и лимун. 21 дена за јаболка и круша. 14 дена за винова лоза, праска, нектарина, компир и тутун. 7 дена за зелена салатаи лук. 3 дена за домат, тиква, лубеница, диња, краставица, модар патлиџан, пиперка и тиквица. |
Добавувач: „ХРОМОС ПЕСТИЦИДИ“ ДОО - Скопје / веб страница Производител: SYNGENTA CROP PROTECTION AG / веб страница |