Средства за заштита: ФУНГИЦИДИ
Активни материи: Copper hydroxide ; Zinc sulfat;
Име на препарат: CUPRABLAU-Z

Употреба:

Cuprablau Z e контактен и превентивен фунгицид кој во својот состав содржи 35% бакар во вид на бакарен хидроксид и 2% цинк. Наменет е за сузбивање на пламеница, црвенило на листовите и црна трулеж кај виновата лоза. Се применува од почеток на вегетација до цветање и после цветање во концентрација од 0,3%(30 g во 10 L вода). Cuprablau - Z е ефикасен и за сузбивање на црна пегавост кај виновата лоза во концентрација од 1% пред почеток на вегетација и во концентрација од 0,3 - 0,35 % во текот на вегетација. Кја овошните култури може да се употребува за сузбивање на краставост на листовите и плодовите во период на мирување на вегетацијата во концентрација од 0,8 % (80 g во 10 L на вода). Во перод од почеток на вегетација па се до фенофазата на глувчешки уши треба да се употребува во концентрација од 0,5 % (50 g во 10 L на вода) и од фаза на глувчешки уши до фаза на розеви пупки во концентрација од 0,3 % (30 g во 10 L на вода). За сузбивање на бактериска пламеница кај јаболката може да се употреби од почеток на цветање па се до прецветување во период од 7 дена во концентрација од 0,06 % (60 g во 100 L на вода). За сузбивање на кадравост на листовите кај праската и шупливост на листовите кај коскестите овошни видови треба да се употребува во концентрација од 0,8 % (80 g во 10 L на вода) и тоа само во период на мирување на вегетацијата. Кај градинарските култури најчесто се користи за сузбивање на пламеница кај доматот и компирот во концентрација од 0,3 - 0,4% или во доза од 3 - 4 kg/ha (30 - 40 g во 10 L на вода на 100 m²). Кај маслинката се користи за сузбивање на пауново око во концентрација од 0,3 % (300 g во 100 L на вода). Прскањето треба да се направи рано напролет пред да започнат дождовите а пред цветање на маслинката. Може да се користи и за сузбивање на пламеница на хмељ во концентрација од 0,3 % (30 g во 10 l вода).


Предупредување:

Кај компирот и доматот може да се користи до два пати годишно а кај овошните култури, виновата лоза и хмељ најмногу три пати годишно. Не треба да се применува за време на цветање на виновата лоза и за време на вегетација на овошните култури.Кај виновата лоза може да предизвика фитотоксичност доколку се користи при ниски температури проследени со висока влажност на воздухот. Не треба да се користи на сорти од домат кои имаат изразено ситен плод поради тоа што остануваат високи концентрации. Не треба да се меша со инсектициди кои имаат изразено киела реакција, дитиосулфатни инсектициди, фунгициди на основа на додин и пропамокарб, физиотропи на основа на етефон и фолијарни ѓубрива.Третираните растенија не треба да се користат за исхрана на животните.


Каренца:

14 дена за компир, домат и хмељ. 35 дена за винова лоза 56 дена за маслинка за овошните култури, каренцата е обезбедена со времето на употреба.



Добавувач: ТДПТУ „АЛГИНА“ДОО - Скопје
Производител: Cinkarna Celje d.d. / веб страница