Средства за заштита: ФУНГИЦИДИ Активни материи: Trifloxystrobin; Име на препарат: ZATO 50 WG |
Употреба: Zato 50-WG e локален и системичен фунгицид со превентивно и куративно дејство. Содржи 500 g/kg активна материја трифлоксистробин. Наменет е за сузбивање на чадлива краставост, пепелница, складишни патогени и други габни заболувања како септориоза, сиво гниење, рѓа, алтернариа и слично кај јаболка, винова лоза, украсни растенија, зеленчук, коскесто овошје, јагодесто и бобичесто овошје. Кај јаболката се користи од фаза на глувчешки уши па се до големина на плодовите од околу 40 mm (10-74 BBCH). За сузбивање на чадлива краставост (Venturia inaequalis) се препорачува превентивно третирање со 100 g/ha (1 g во 10 l вода). Куративната доза треба да изн есува 150 g/ha (1,5 g во 10 l вода). Времето на апликација за превентивното третирање треба да биде пред да се остварат услови за аскоспорна зараза и во текот на остварување на примарните инфекции. Куративното третирање треба да се спроведе 72 часа по остварувње на условите за аскоспорна зараза и во текот на периодот на остварување на примарните инфекции. За сузбивање на пепелница (Podosphaera leucotricha), се препорачува количество од 150 g/ha (1,5 g во 10 l вода). За заштита од складишни патогени (Penicillium spp., Gleosporium spp., Monilia spp.) се препорачува количество од 150 g/ha (1,5 g во 10 l вода). Времето на употреба треба да биде 1- 2 пати пред берба а најдоцна 14 дена пред берба. Потрошувачката на вода треба да изнесува 600-1000 l/ha (6-10 l на 100 m2). Предупредување: Дозволени се до четири третирања годишно на иста површина. Не се дозволени два исти третмани едно подруго. Потребна ед смена препарат со друг начин на дејство како на пример со препаратот Антракол. Каренца: 14 дена |
Добавувач: ДПП „АГРОХЕМИЈА” ДООЕЛ, Скопје - Скопје Производител: BAYER - Crop Science AG - Германија / веб страница |