Име на болест: Овошна мува - Ceratitis capitata
Култура: КАЛИНКА
Опис: Овој вид е полифаг. Се храни со праска, кајсија, портокал, лимон, јаболка, цреша, калинка. Има 5 - 6 генерации годишно. Презимува во стадиум на кукла во почвата, но во топлите реони не презимува, туку континуирано се развива. Во пролет женката полага јајце најчесто во оштетените плодови. Во еден плод има повеќе јајца. Испилените ларви се хранат во плодовите. Штетите се секогаш големи. Оштетениот мезокарп омекнува и бргу пропаѓа. Плодовите не се чуваат, скапуваат и опаѓаат. За контрола најчесто се применуваат хемиски мерки, но се употребуваат и физички мерки како што се стерилизација на машки единки. За хемиско третирање се препорачуваат препарати на база на спинозини, фенилпиразоли, пиретроиди и карбамати, при прво констатирање на присуство на штетникот. Мувата е вектор на габите од родот Aspergillus.



повеќе слики >>

Препарати

LASER