Опис: Има граничен ефект. Многу често нејзината бројност е повисока на граничните растенија отколку во внатрешноста на посевите. Презимува јајце или возрасна женка на зимските жита и класестите треви. Мигрира во рамките на класестите растенија. Масовно се размножува во мај и јуни. Наесен се враќа на новоникнатите жита по сеидбата. Колониите ги формира на лисјата и особено на класот. Многу е штетна заради пренамножувањето, а особено и одговараат повисоки температури и влага. Ѓубрење со високи дози азот многу и придонесуваат и доведуваат до пренамножување на вошката. Пренесува повеќе вируси на житата, пченката и градинарските растенија. Го пренесува вирусот на џуџесто жолтило на житата.
|