Опис: Овој вид на пепелница поднесува висока релативна влажност, па се јавува во оранжериите и пластениците. На отворено не нанесува значителни штети. Паразитот ги напаѓа сите зелени делови. На лицето од листовите прво се јавува бели прашкасти флеки на опачината и на лицето на листот и со ширењето ја зафаќа целата лисна површина. Белузлава превлака се јавува и по стеблото, а подоцна листовите малку се свиткуваат кон опачината, стануваат крти и се сушат. Плодовите остануваат ситни, деформирани и невкусни. Паразитот во поволни услови брзо се шири и може да ја покрие целата површина на листот кој постепено жолтее и суши. Заштита со регулирање на релативната влажност на воздухот, за да не се создава роса преку ноќ, со што се спречува развојот на пламеницата. Спречувањето е главно со хемиски средства. |