Средства за заштита: ФУНГИЦИДИ Активни материи: buprimate; Име на препарат: NIMROD 25 EC |
Употреба: NIMROD 25 EC e превентивен и системичен фунгицид за сузбивање на пепелница на јаболка, краставица, лубеница и диња. Содржи активна материја бупримат 250 g/L која претставува инхибитор на биосинтезата на аденозин, поради што поседува силно антиспорулативно дејство. Наменет е за сузбивање на пеплница (Podosphaera leucotricha) кај јаболката на сорт кои се осетливи (Златен Делишес и др.) во концентрации 0,04-0,05 % и интервал на прскање од 7-14 дена. Поради можноста од појава на фитотоксичност не се препорачува за сортите Џонатан, Кох оранж, Моргендуфт и Император. Кај краставицата, лубеницата и дињата се користи за сузбивање на пепелница (Erysiphe cichoracearum) во концентрација 0,04-0,05% (4-5 ml во 10 L вода или 40-50 ml во 100 L вода) со интервал на третирање 7-14 дена. Може да се прска со грбна или тракторска пшрскалка со притисок од 1-3 bar и проток 0,3-0,5 lit/min. Предупредување: Nimrod 25 EC не е опасен за пчели pčele, црви и предатори од видот Ptereostichus cupreus, Chrysoperla carnea и Aphidius rhopalosiphi. Делумно ја оштетува популацијата на Typhlodromus pyri а ја оштетува популацијата на Encharsia formosa. Не ја оштетува C-N-микробиолошката активнот на почвата. Не се препорачува мешање со дитиокарбаматни фунгициди (mankozeb, propineb, metiram), бакарни фунгициди, препарати на база на фосетил,пропамокарб, препарати кои имаат алкална средина и препарати на база на додин. Не смеат да се додаваат наквасувачи. Не треба да се третира кога растението има отворен цвет или доколку растението е ослабнато од суша. Може да се користи најмногу четири пати во текот на вегетацијата кај јаболката а шест пати кај краставицата. Не е доаволена примена преку авион. Каренца: 21 дена за јаболка; 7 дена за крастевица,лубеница и диња. |
Добавувач: ТДПТУ „АЛГИНА“ДОО - Скопје Производител: ADAMA MAKHTESHIM Ltd Израел / веб страница |