Опис: Јаболковиот црв е економски значаен штетник на јаболката и крушата а може да нападне и орев и дуња. Презимува како возрасна гасеница во пукнатините и кората од дрвјата. Женката јајцата ги полага на лисјата, на мазната кора од новите леторасти или на тукушто никнатите плодови. Испилените ларви прво се хранат со лисна маса, ако сеуште не се формирани плодовите, а потоа се вбушуваат во плодот. Гасениците се вбушуваат во близина на чашката или пак на места каде што се допираат два плода. По вбушувањето во плодот, гасеницата оди кон семенската куќичка. Прави канал во плодот, кој е црн и загаден со измет. Нападнатите плодови опаѓаат. |