Опис: На листовите се забележува бела брашнеста навлака. Растенијата рано остануваат без лисна маса, поради што плодовите остануваат ситни, недозреани и невкусни. Површинската мицелија е добро развиена, проѕирна и формира хаустории во епидермалните клетки. По физиолошки застарените листови, габата образува клејстотеции кои се топчести, кафеави до црни. Паразитот презимува во вид на клејстотеции, по растителните остатоци. Примарните инфекции настануваат или од аскоспорите или од конидиите што презимиле во оранжериите и пластениците. Габата образува голем број на конидии кои се разнесуваат од ветерот, пајаците. Инкубациониот период трае 3 до 7 дена. За спречување се употребува хемиски средства врз база на триадедимефонот, фенаримол, нуаримол, бупиримат, тридеморф, флусилазол и др.
|