Име на болест: Сипаница на вишната - Blumeriella japii v. Arx
Култура: ВИШНА
Опис: Распространета е секаде каде што се одгледуваат вишни, посебно во услови на влажна клима. Причинува предвремено опаѓање на листовите, поради што овошките физиолошки ослабнуваат и се подложни на измрзнувања во текот на зимата или на напад од други причинители на болест. Болеста се манифестира главно на листовите. Од лицето на листовите се забележуваат многубројни ситни, црвеникави и тркалезни дамки, кои стануваат црвено - кафеави. При влажни услови на опачината на листовите се јавуваат белузлави скрами. Габата призимува во паднатите листови, на кои во пролет при влажни услови се образуваат апотеции со аскуси и аскоспори. Созревањето на аскоспорите се совпаѓа со разлистувањето на вишната, а нивното ослободување е развлечено во тек на еден и пол месец. Овие зарази не се пренесуваат со ветерот, но главно со капките од дождот и со инсектите. Паразитот навлегува главно преку стомените отвори порад што ретко ги напаѓа најмладите листови. За заштита на садниците се препорачувапрскање на секои 10 до 14 дена, а родните овошки да се прскаат по бербата.



повеќе слики >>

Препарати

MIRAGE 45 EC