Опис: Стеблената нематода преовладува и причинува штети во реони со умерена и студеникава клима. Веројатно постои и во Македонија, но не се вршени проучувања. Таа е една од најдеструктивните нематоди. Напаѓа околу 500 растителни видови, помеѓу кои: пченицата, пченката, кромидот, лукот, празот, луцерката, лалињата и други градинарски и цвеќарски растенија.
Симптоми. Општи симптоми се намален пораст на растенијата, деформирање на стеблото и хлороза на лисјата. Заразените луковици задоцнуваат во никнењето. Половина и повеке од никулците може да бидат болни, светлозелени, извиткани во вид на лак, со издолжени подуени и испукани делови по должината на котиледоните. Повеќето од заразените никулци изумираат уште во првите три недели, а останатите подоцна. Растенијата развиени од засадените луковици во заразена почва, заостануваат во расвојот, тие се со светлозелени дамки, стеблото им е подуено, скратено и набрано. Дамките на лисјата пукаат и се отвораат. Голем број од лисјата се сплеснати и не се исправени.
Уништување. Уништувањето е отежнато поради постоењето на повеќе раси. Од превентивните мерки доаѓаат предвид: одгледување на осетливите растенија во плодоред (4 - 6 години), отстранување и унништување на растителните остатоци по бербата или жетвата, здравствена контрола на садниот материјал, уништување на плевели и одгледување на отпорни сорти. Со подложување на луковиците и друг саден материјал на температура од 29, 5 до 30, 0 °C за време од 7 дена, значително може да се намали популацијата од овие нематоди. Нематодата е доста осетлива на нематоциди. Во текот на вегетацијата може да се користат системичните нематоциди
|
повеќе слики >>
|
|
|