Опис: Изразен полифаг. Штетник на: домат, пипер, тутун, памук, лук, кромид. Има 2 - 3 генерации. Презимува кукла во почва. Пеперутките од првата генерација летаат во мај, летот на втората генерација е јули. Гасениците во овој период најчесто ги напаѓаат плодовите и се вбушуваат во нив. Се хранат со семето и предизвикуваат брзо пропаѓање на плодовите. Штетите од оваа совица имаат економско значење, особено кога видот е во проградација. Најштетна совица и една од позначајните штетници воопшто. Мерки за контрола на совицата се применуваат по надминување на економските прагови. Оценката на интензитетот на напад се врши врз основа на утврдена бројност на гасеници со: почвени проби и визуелен преглед на долната страна на листовите за да се види дали има јајца. Економски праг: 1 ларва / шест растенија - да се третита пред цутење; 1 јајце или ларва / нива - по цутење. Мерки за контрола се: Агротехнички: плодоред, обработка на почвата и ѓубрење; Хемиски: Ако економскиот праг е надминат пред сеидбата на културата, почвата се третира превентивно и се препорачуваат гранулирани формулации, ако е надминат економскиот праг во текот на веѓетацијата, се користат течни формулации. За таа цел се препорачуваат препарати на база на: спинозини, Bacillus thuringiensis var. kurstaki, IGR препаарати, оксадиазин, антранилични диамиди, поддржувачи на јивенилниот хормон, фенилпиразоли, пиретроиди, неоникотеноиди, карбамати и органофосфорни инсектициди. |