Име на болест: Стеблена нематода - Ditylenchus dipsaci
Култура: КОМПИР
Опис: Се одржува во растителни остатоци, во надземни и подземни растителни делови на живи растенија. Во пролет се зариваат преку различни повреди на растенијата, лентицелите или други отвори. Со својата исхрана го разоруваат ткивото и се размножуваат. Ги напуштаат мртвите растенија и преку почвата се преселуваат на здрави растенија. Развојот на 1 генерација трае 3 - 5 недели, а во текот на годината развиваат поголем број генерации. Нападнатите растенија заостануваат во развојот, се деформираат, листовите се увртуваат. Листовите од морковот се задебелуваат, а коренот пука.  Од мерки за контрола се предвидуваат плодоред, користење на отпорни сорти, хемиска заштита со карбамати.



повеќе слики >>

Препарати

BASAMID GRANULAT