Име на болест: Тутунова болва - Epitrix hirtipennis
Култура: КОМПИР
Опис: Има 3 - 4 генерации годишно и презимува имаго под растителни остатоци. Се активира напролет и го напаѓаат тутунот во леите или тукушто расадените растенија. Јајцата ги полагаат околу коренот на растенијата. Ембрионалниот развој трае околу 7 дена и испилената ларва се вбушува во коренот и стебленцето правејќи канали со својата исхрана. Типичен олигофаг кој се храни со видовите од фамилијата Solonaceae. Нападот од тутуновата болва е можен во текот на целата вегетација. Штетите ги причинуваат ларвите и имагата. Прават мали дупчиња, заради што листовите добиваат сребрен сјај и се загадени со екскременти од штетникот. Отворите на листовите претставуваат отвор за внесување на голем број патогени микроорганизми и таквите растенија тешко се адаптираат по пресадувањето и многу често угинуваат. Штетите се посебно изразени во услови на суво и ветровито време. Ларвите се хранат на подземните делови од растението, при што прават ходници низ коренот и стеблото. За следење на штетникот во текот на вегетацијата се препорачуваат методите како визуелен преглед, жолти водени садови, жолти лепливи плочи во расадот. Економскиот праг е 8 имага на растение во фаза на расадување и 62 имага на растение во вегетација. Од мерки за контрола се преземаат од агротехнички уништување на растителните остатоци околу леите за производство на расад, плодоред, од хемиските мерки се користи апликација на инсектициди кога ќе се утврди присуство на штетникот со некој од применетите методи.



повеќе слики >>

Препарати

OHIDAN C-50

OHIDAN P-5

IMIDAN 50 WP