Опис: На листовите во зависност од интензитетот на заразите и од осетливоста на сортите и екотиповите од оревот, се забележуваат помал или поголем број, поситни или покрупни некрозни дамки со различен облик. Дамките се кафеаво - сиви. Во текот на летото при врнежливо време се остваруваат и секундарни зарази. Габата G. juglandis презимува во паднатите листови во вид на мицелија. Кон крајот на зимата во паднатите листови се образуваат пертиции со аскуси и аскоспори. Аскоспорите се двоклеточни со големина од 17 до 25 х 2. 5 - 4 um. Под дејство на врнежи, аскоспорите се ослободуваат и остваруваат примарни зарази. Кај овошките што може да се прскаат, заштитата може да се изведе со употреба на препарати врз основа на беномил, па и други органски контактни фунгициди, како и бакарни препарати. Можат да се изведат две третирања: кон краајот на мај и кон крајот на првата половина од јули. |
повеќе слики >>
|
|
|