Опис: Видливите надворешни симптоми се најразновидни, почнувајќи од намален развој на раастенијата и малобројни ситни, светлозелени или жолтеникави листови кои во сличај на топло време венат. Растенијата формираат мал број на цветови и плодови со слаб квалитет. Болните растенија обично се одржуваат во текот на вегетацијата, но ретко изумираат предвреме. Симптомите што ги причинуваат овие нематоди, долго време биле припишувани на други фактори и причини. Се сметало дека е тоа (заморување) на почваата поради монокултурното одгледување на иста култура повеќе години. Кореновите нематоди во оранжериите и пластениците можат успешно да се уништат со стерилизација на почвата со нематоди. |