Име на болест: Kомуника,обична - Melilotus officinalis Medic.
Култура: ПЛЕВЕЛИ
Опис:Повеќегодишен, двогодишен ретко едногодишен плевел со длабок и разгранет коренов систем.   Во есенските жита никнува наесен и успешно презимува. Во пролетни култури никнува напролет. Во годината на прибирање семето има ртливост од околу 24%. Цвета и плодоноси од мај до јули често и до октомври. Во житните култури по жетвата остатокот од стеблто, до колку има влага регенерира и од почетокот на есента формира семе. Поднесува суша. Ги заплевелуува есенските и пролетните стрништа и другите култури со густ склоп. Во последните неколку години во стрнишните жита кај нас се јавува нешто поинтензивно. Најмногу се сретнува по меѓите, покрај патишта, покрај канали. Бара почви богати со вар но поднесува и слабо кисели почви. Содржи гликозиди поради што ако е повеќе застапен штетен е и предизвикува крварење со смртни последици. Некаде се одгледува како фуражна култура. Добра паша а за пчелите. Има лековити својства. Може да се одгледува и за зелено ѓубрење. Зависно од културата се употреба соодветен хербицид.



Препарати