Име на болест: Гнилеж на приземниот дел на стеблото кај оризот - Gaenomannomyces graminis
Култура: ОРИЗ
Опис: Оваа болест обично се јавува во доцната сезона и тоа непосредно пред жетвата на оризот. Симптомите се во вид на покафејување на лисните ракавци, коишто го покриваат стеблото во висина на водата. На оболените места можат да се најдат голем број на перитеции.   Во раната фаза од инфекцијата, по лисните ракавци се забележува црна до кафеава мицелија, а подоцна и во внатрешноста на лисните ракавци. Инфекцијата од оваа габа го намалува братимењето, а заразените растенија даваат само една метличка на едно растение. Габата, инфекцијата ја остварува преку базалните листови или пак со директна пенетрација низ надворешните лисни ракавци.   На крајот, може да биде нападнато и целото стебло. Оваа габа, покрај оризот има и многу други домаќини.



повеќе слики >>

Препарати

QUADRIS