Име на болест: Пламеница на лисните ракавци - Rhizoctonia solani
Култура: ОРИЗ
Опис: Болеста се манифестира во вид на дамки по лисните ракавци. Дамките про се елипсовидни или тркалезни, нешто неправилни , варираат од 1 - 3 см во должина. Центарот на инфицираното место станува светло - сив со еден кафеав раб. Формите и бојата на овие инфицирани места, зависи најмногу од условите при кои настанува инфекцијата. При висока релативна влажност мицелијата може да ја прекрире целата површина од лисниот ракавец. Во полето, симптомите прво се јавуваат на лисните ракавци од приземниот дел на стеблото, во висина на нивото на водата во нивите а подоцна таа се шири и кон врвните делови на растението
Моментално се работи на добивање на високоотпорна сорта кон оваа болест и за таа цел се направени многу тестови . Меѓутоа се додека не се создаде отпорна сорта, штетите од оваа болест би се намалиле со комбинирани мерки и тоа хемиски и агротехнички, но и сеидба на умерено отпорни сорти.



повеќе слики >>

Препарати

QUADRIS