Опис: Причинител на оваа болест е нематода. Карактеристичните симптоми на болеста се на врвните делови на лисјата. Тие постануваат хлоротични или бели, почнувајќи од врвоот кон основата на листот до волжина околу 5 цм а подоцна само врвовите се свиткуваат и личат на камшик или конец и набрзо се сушат. Заразените растенија даваат кратки метлички. Ако нематодите извршат инфекција на метлиците, тогаш се јавува висока стерилност со значителни деформации на метличката. Заразените растенија со оваа нематода, се со потемно зелена боја и со нешто поиздолжени интернодии на стеблото, врвовите на лисјата и метличките се увртуваат и деформираат. Заразените растенија обично не братимат, носат само една метличка и најчесто се со многу стерилни зрна. Познато е дека оваа нематода се размножува и живее во семето од оризот и на тој начин се пренесува и врши инфекција од година во година, па затоа е потребно да се превземат заштитни мерки кај семето кои се најчесто хемиски. |
повеќе слики >>
|
|
|