Име на болест: Кафеава дамкавост кај оризот - Cochilobolus myabeanus
Култура: ОРИЗ
Опис: Штетите можат да бидат многу големи доколку е употребено заразено семе за сеидба. Најголемите штети се состојат во намалувањето на бројот на зрната како и намалување на нивната тежина. Болеста кафеава дамкавост, не е ретка појава на оризот во Македонија. Таа се јавува секоја година но со различен интензит. Се намалуваат и бројот на растенија по квадратен метар. Симптомите на оваа болест се јавуваат во два облика и тоа “ Палеж на ртулците” и ” кафеава дамкавост” Првите симптоми се јавуваат после ртењето на оризот или после неговата поникнување , а тфтората форма во текот на целата вегетација. Кафеавата дамкавост се јавува на сите надземни делови а најчесто на листот, лисните ракавци, метлицата и семето. На листовите симптомите се јавуваат во форма на дамки. На лисните ракави габата причинува исто така дамки но тие се ситни за разлика од оние на листовите. На метличката симптомите се јавуваат после класењето на оризот, во вид на ситни темни дамки на зрната. Подоцна тие се зголемуваат и го прекриваат цело зрно. Паразитната габа C. miyabeanus, најчесто презимув аво заразените растителни остатоци. Во наши услови таа се шири главно со конидии но, и со заразено семе, ветерот, човекот и заразените растителни остатоци. За заштита на оризот од кафеаво гниење, за сеидба треба да се користи здраво и квалитетно семе од ориз, а ако е можно да се применува и плодоред. Борбата против плевелите во оризните полиња треба да е редовна мерка.



повеќе слики >>

Препарати

QUADRIS