Опис: Општи симптоми се намален пораст кај растенијата, деформирање на стеблото и хлороза на лисјата. Заразените луковици задоцнуваат во никнењето. Голем број од лисјата се сплеснати, неисправени но се свиткани со врвот кон земјата. Поинтезивно се развива во влажни почви . Оптимална температура за развој е околу 15с, а заразите ги остварува при температура од 9 до 16 С . Уништувањето е отежнато поради постоењето на повеке раси. За заштита и превенција, треба да се врши здраствена контрола на садниот материјал, уништување на плевелите и одгледување на отпорни сорти. |