Опис: Нематодите со паразитската активност ги исцрпуваат растенијата. Карактеристични симптоми за овие нематоди е дамкавоста на коренот. На местото каде навлегуваат ларвите и на тоа место се појавуваат сиви, а подоцна темни до темнокафеави дамки. Под местото на инфекцијата настанува прстенесто потемнување и изумирање на деловите во зависноста од интензитетот на инфекцијата. Болните растенија заостануваат во растот, стануваат хлорозни и изумираат. Нематодите презимуваат во заразените корени или во почвата. Оптимална температура за развој на овие нематоди е околу 300 C. Овие нематоди може да се уништат со третирање на почвата со нематоциди пред сеидба, расадувањето или садењето на растенијата, соларизација на почвата, плодоред. |