Име на болест: Стеблена нематода - Ditylenchus dipsaci
Култура: ДОМАТИ
Опис: Причинува значајни штети во реони со умерена и студеникава клима. Штетите од оваа нематода се должат на тоа што таа предизвикува угинување на никулците, спеченост на растенијата, деформирање на органите, подуеници, свиткување на стеблото и лисјата, хлороза на листовите и општо намалување на порастот на растенијата и приносот. Целокупниот развој на нематодата се одвива во растенијата, се одржува во растителни остатоци и почва. Поинтензивно се развива во влажни почви. Оптималната температура за развој е околу 15 C, а заразите ги остварува при температура од 9 до 16 C, при високи температури брзо умира. Превентивни мерки за негово спречување се: плодоред, уништување на растителните остатоци, здравствена контрола на садниот материјал, уништување на плевелите и одгледување отпорни сорти.



повеќе слики >>

Препарати

BASAMID GRANULAT