Име на болест: Бледожолта компирова нематода - Globodera palida Stone
Култура: КОМПИР
Опис: Првиот знак за присуство на овие нематоди е појава на спечени растенија на мали површини, по неколку растенија во ред или жаришта од неколку метри. Болните растенија имаат темна боја и цветаат подоцна од здравите. Кореновиот систем е разгранет, бидејќи заразените корени интензивно се гранат, а во многу случаи кореновиот систем е редуциран. По седум до осум недели од садењето, на корените се забележуваат млади проширени женски цисти како глави од топуски. Белите цисти од G. rostochiensis ја менуваат бојата преку златножолта до окер боја. Цистите од G. palida ја менуваат бојата од бела  преку валканобела до темнокафеава, без златна боја. Штетите кај компирот зависат од сортата и популацијата од нематодите. Високата популација од нематоди може да предизвика штети и до 50%. Болните растенија даваат мал број ситни клубени. Цистовидните нематоди на компирот се високо специјализирани да го паразитираат кореновиот систем. Под дејство на излачената плунка од нематодите, крупните повечејадрени клетки, што ги користат за исхрана т. н. синцитии а се формираат со спојување, нематодите од нив обезбедуваат храна за наредниот развој и размножување.
Спроведување на строги карантински мерки при увозот на семенскиот и меркаптилниот компир, спроведување на шема од интегрална заштита која опфаќа: утврдување на популацијата на нематодите во почвата, одгледување на отпорни сорти, употреба на дозволени нематоциди и строги контроли.



повеќе слики >>

Препарати

BASAMID GRANULAT