Опис: Заразените растенија во пролет слабо се развиваат. Сите листови се спиралнo свиткани и напречно накадрени и лесно се забележуваат. Силно заразените растенија не класат. Класовите се деформирани, задебелени, плевите се широко отворени и галите лесно може да се забележат. Галите може да се образуваат во некои или во сите зрна.
Оваа нематода се одржува во галите, било во почвата или во складиштата. Основна мерка за заштита е употреба на здраво семе, селектирање на семето и отстранување на галите со потопување во вода. |
повеќе слики >>
|
|
|