Опис: Болните растенија заостануваат во развојот, не метличат, лисјата им се хлорозни. Коренот е со темна боја, краток косест со задебелени странични коренчиња. На коренот може да се забележат поголем број цисти кои во почетокот се светли а подоцна со темнокафеава боја. Нематодата се одржува во почвата во вид на цисти. Оваа нематода има само една генерација. Основна мерка е плодоредот и уништување на плевелите.
|
повеќе слики >>
|
|
|