Опис: Габата која ја напаѓа маслодајната репка има и други домаќини. Посебно се осетливи сончогледот, салатата, цикоријата, зелката, маслодајната репка, краставица, лубеница диња. Белото гниење се јавува редовно во реони и локалитети со повлажна клима. Во Македонија се јавува поретко, освен во повлажните локалитети во Пелагонија. Кај маслодајната репка, белото гниење се манифестира со различни облици како : измунирање на семето и никулците, гниење на коренот, гниење и венење на стеблото. Венењето на растенијата настанува како резултат на гниењето на коренот и основата на стеблото. Кај маслодајната репка, белото гниење се манифестира со различни облици како : изумирање на семето и никулците, гниење на коренот, гниење и венење на стеблото При основата на стеблото се јавува зеленикава, а потоа кафеава воденеста дамка која се шири брзо, го зафаќа стеблото, гние и растенијата венат. Спречувањето на ова заболување е тешко, бидејќи склероциите се одржуваат долго време во почвата. |