Средства за заштита: ИНСЕКТИЦИДИ Активни материи: Indoxacarb; Име на препарат: AVAUNT 15 EC |
Употреба: Avaunt 15EC е инсектицид од новата генерација кој припаѓа на хемиската група оксидиазини и влијае на нервниот систем на инсектите. По 2 - 4 часа од апликацијата инсектите престануваат да се хранат и за 2 дена умираат. AVAUNT 15 EC содржи активна материја индоксакарб 150 g/L. Поседува контактно, дигестивно, овицидно и ларвицидно дејство. Наменет е за сузбивање на јаболков смотавец (Cydia pomonella ), сив гроздов смотавец (Lobesia botrana), пченкин пламенец (Ostrinia nubilalis) и памукова совица (Helicoverpa armigera). Препаратот се сврзува за котикулата на листот и откако ќе се исуши не може да биде измиен од дождовите. Кај јаболката се користи во доза од 0,3 - 0,35 L/ha на почеток на пилење на гасениците од секоја генерација. Кај пченката пиперката и виновата лоза се употребува во доза од 0,25 L/ha. Кај пиперката и виновата лоза на почеток на пилење на ларвите од секоја генерација а кај пченката 10 дена пред максималниот лет на пеперутката а пред вбушување во стеблото и клипот. Минималната потрошувачка на вода треба да изнесува 300 L/ha. Може да се користи и за заштита на малодајната репка од репина буба (Meligethes aeneus) во доза од 0,17 L/ha во период на зелено-жолта пупка (BBCH 51-59) со потрошувачка на вода од 150 - 400 L/ha. Кај маслодајната репка дозволена е една апликација. Предупредување: Оптималната температура за апликација на AVAUNT 15EC е 15°C кога е сончево и без утрински мразеви. да не се третира на температури повисоки од 25 °C бидејќи топлината може да ја спречи рамномерната апликација. Каренца: 14 дена за јаболка, пченка и винова лоза; 3 дена за пиперка. |
Добавувач: ДПУ „АГРИМАТКО“ ДООЕЛ - Скопје Производител: DU PONT DE NEMOURS S.A.S |