Средства за заштита: ИНСЕКТИЦИДИ Активни материи: Methiocarb; Methiocarb; Име на препарат: MESUROL ® FS 500 |
Употреба: Mesurol FS 500 се употребува за третирање на семе. Во контакт со почвената влага препаратот образува заштитен слој околу семето и го штити од почвени штетници особено телни црви (жичњаци) а поседува и репелентно дејство кон птиците штитејќи го како семето така и младите изданки. Содржи активна материја метиокарб 500 g/L. За заштита на пченка од телни црви се препорачува доза од 1,5-2 L на 100 kg семе непосредно пред сеење. Семето од сончоглед и маслодајна репка за заштита од телни црви трба да се третира со доза од 2 L на 100 kg со напомена дека истретираното семе треба веднаш да се посее поради тоа што препаратот за три месеци ја намалува ртливоста на семето. Предупредување: Третираното семе треба да се исуши пред сеење и не треба да се користи за исхрана на лугето и животните. При сеење третираното семе не треба да се остави на површината на почвата. најмалку 7 дена од сеење на третирано семе на површините не е дозволен пристап на домашни животни. Каренца: Обезбедена со времето на употреба |
Добавувач: ДПП „АГРОХЕМИЈА“ - Скопје - Скопје Производител: BAYER – Crop Science AG / веб страница |