Средства за заштита: ХЕРБИЦИДИ Активни материи: S-Metolachlor; Име на препарат: DUAL GOLD 960 EC |
Употреба: DUAL GOLD 960 EC е почвен селективен хербицид за сузбивање на едногодишни теснолисни плевели кај пченка (за зрно, силажа и производство на семе) со примена после сеидбата, а пред никнување (pre-em), или после никнување до стадиум на развој на 3 листа (ВВСН 13, ран пост-ем) во количина од 1,0-1,5 L/ha; Кај сончоглед, соја и шеќерна репа со примена после сеидбата, а пред никнување во доза од 1,0-1,4 L/ha. Кај маслена репка, сточна репка, тиква (за печњње и масло), кинеска зелка, леќа, лен (за влакно и масло), грав, грашок, леблебија, цвекло, цикорија, диња и лубеница, со примена после сеидбата, а пред никнување (pre-em) во количина од 1,25-1,4 L/ha. Кај јагоди, со примена пред никнување на плевелот, во количина од 1,25-1,4 L/ha. Кај тутун (од расадници), со примена пред пресадување во доза од 1,25-1,4 L/ha. Во расадници пред никнување на плевелот, во доза од 1,25-1,4 L/ha. Кај зачиски растенија (во делот кој не е наменет за конзумирање), со примена во годината на садење пред никнување на плевелот, во доза од 1,25-1,4 L/ha. Кај млади насади од винова лоза кои сеуште не се стапени во род, со примена пред никнување на плевелот во доза од 1,25-1,4 L/ha. Во градините околу куќите, потребно е да се применат наведнеите количини и за културите за кои е одобрена примената. Во тој случај, се користат количини изразени во mL/100m2 со потрошувачка на вода од 5-10 L/m2. Предупредување: За проширување на спектарот на делување, потребно е да се примени во комбинација со други хербициди. При примената на почви богати со органски материи, потребно е да се применува повисоката препорачана количина. За постигнување оптимален ефект, средството треба да се применува на добро обработена, ситно-зрнеста почва. Не требад ас е употребува во карстни подрачја и лесни, песокливи почви. Да не се третира кога времето е ветровито. Се употребува еднаш годишно на иста површина. Каренца: Обезбедена со времето на примена. |
Добавувач: ДТ „ХОЛМА“ ДООЕЛ - Струмица / веб страница Производител: Syngenta Crop Protection AG / веб страница |