Средства за заштита: ХЕРБИЦИДИ Активни материи: Cycloxydim; Име на препарат: FOKUS ULTRA |
Употреба: FOKUS ULTRA е хербицид со активна материја циклодиксим 100 g/L. Во својот состав содржи и метилолеат хербицидно масло во концентрација од 300 g/L. Наменет е за сузбивање на едногодишни и повеќегодишни теснолисни плевели во соја, сончоглед, шеќерна репка, маслодајна репа, компир, овошни видови и винова лоза. Кај соја сончоглед, шеќерна репка, маслодајна репа и компир за сузбивање на едногодишни теснолисни плевели се користи во доза од 1 - 1,5 l/ha (100 - 150 ml на 1000 m2) во период кога плевелите имаат развиено 3 - 5 листа. За сузбивање на повеќе годишни теснолисни плевели се препорачува доз аод 3 - 4 l/ha (300 - 400 ml на 1000 m²) во период кога плевелите се во фаза на интензивен пораст односно имаат висина од 20 - 30 cm. За да се постигне продолжено дејство, препаратот може да се употреби во разделени дози (сплит апликација) но вкупното количество на поединечните дози не треба да ја надмине вредноста на пропишаната доза. Кај овошни видови и винова лоза за суабивање на едногодишни теснолисни плевели се препорачува во доза од 1 - 1,5 l/ha (100 - 150 ml препарат на 1000 m²). Препаратот треба да се применува кога плевелите имаат развиено 3 - 5 листа. За сузбивање на троскот во доза од 3,5 - 4 l/ha (350 - 400 ml нa 1.000 m²) кога плевелот е со висина од 10 – 20 cm. За сузбивање на див сирак во доза од 3 - 4 l/ha (300 - 400 ml нa 1.000 m²) кога има висина од 10- 40 cm. најдобар ефект се постигнува кога се користи 100 - 200 L вода/ha. Кај целер, лук, праз, салата, грашок, зелка, карфиол, грав, морков, спањак и украсни растенија (сите одгледувани на отворено) се препорачува доза од 1 -1,5 L/ha за суабивање на едногодишни тревни плевели, доза од 3 - 4,0 L/ha за сузбивање на повеќегодишни тревни плевели, доза од 2,5 L/ha за самоникнати житни култури. Кај растенијата од фамилијата на тикви (Cucurbitaceae) доза од 1,5 L/ha се препорачува за сузбивање на едногодишни и повеќегодишни плевели. Може да се употреби и кај пченка но само кај отпорни сорти на циклоксидим во доза од 1 -1,5 L/ha за сузбивање на едногодишни тревни плевели и доза од 2 L/ha за сузбивање на див сирак кога е во висина од 10 - 30 cm. Спектар на дејство: Agropyron repens, Alopecurus myosuroides, Apera spica - venti, Avena fatua, Cynodon dactylon, Digitaria spp., Echinochloa spp., Lolium spp., Panicum spp., Setaria spp., Sorghum halepense, самоникнати житни култури и др. Предупредување: Не треба да се користи во комбинација со други препарати. Каренца: 14 дена за салата; 21 ден за лук; 28 дена за праз, зелка, карфиол, грав, морков и спањак; 35 дена за грашок; 56 дена за компир и украсни растенија; 60 дена за целер; 77 дена за шеќерна репка; 42 дена за винова лоза и овошки; За соја, сончоглед, маслодајна репка и пченка, каренцата е обезбедена со времето на употреба. |
Добавувач: „ХЕМОМАК ПЕСТИЦИДИ“ ДОО - Велес / веб страница Производител: BASF SE Ludwigshafen |