Средства за заштита: ФУНГИЦИДИ
Активни материи: difenoconazol;
Име на препарат: SCORE 250 EC

Употреба:

Системичен фунгицид за сузбивање на: а) дамкавост на лисјата и краставост на плодовите на јаболкото: Превентивно, во концентрација од 0,013%. Се интервенира почнувајќи од стадиум С-С3, се до стадиум I-J. Третирањето на почетокот се врши во интервали од 7-10 дена, а подоцна од 12-18 дена. Куративно, во концентрација од 0,015%. Третирањето се изведува во рок од 96 часа од моментот кога ќе се осздадат поволни услови за инфенција. Понатамошните третирања се изведуваат во интервали од 6-9 часа, или кога ќе се создадат поволни услови за повторна инфекција. За заштита од пепелница на јаболкото во концентрација од 0,013%.


Предупредување:

Смее да се употребува најмногу 4 пати годишно на иста површина, во интервали од 7-10 дена. Се препорачува примена во комбинации со протективен фунгицид, за да се спречи појава на резистентност.


Каренца:

35 дена



Добавувач: ДТ „ХОЛМА“ ДООЕЛ - Струмица / веб страница
Производител: Syngenta Crop Protection AG / веб страница