Средства за заштита: ИНСЕКТИЦИДИ
Активни материи: Pirimiphos methyl;
Име на препарат: ACTELIC 50EC

Употреба:

ACTELIC 50EC e контактен, дигестивен и испарлив инсектицид со изразено брзо и фумигантно дејство. Содржи активна материја пиримифос метил во концентрација од 50 %. Наменет е за сузбивање на лисни и штитести вошки, лисни болви, овошни муви и др. Поседува ефикасност за сузбивање на грињи и складишни штетници. Во овоштарството се употребува во концентрација од 0,05 – 0,1% за сузбивање на копривната гриња, црвеното овошно пајаче, зелената праскова лисна вошка, крушковата болва и средоземната овошна мува. Во градинарството се користи во концентрација од 0,05 - 0,1 % за сузбивање на прасковата лисна вошка и цветниот штитест молец. Кај индустриските култури се препорачува во доза од 0,5 - 1,0 L/ha за сузбивање на црната репина вошка, зелената праскова лисна вошка на тутунот, житни стеници и репин сјајник.


Предупредување:

48 часа по апликацијата да не се внесува храна во третираниот објект.


Каренца:

7 дена за домат, краставица, пиперка ( на отворено и во затворен простот), 14 дена за останатиот зеленчук, компир и тутун, 28 дена за стрни жита, шеќерна репка и агруми, 42 дена за маслодајна репка, 63 дена за пченица и пченка.



Добавувач: ДТ „ХОЛМА“ ДООЕЛ - Струмица / веб страница
Производител: SYNGENTA LIMITED, / веб страница