Средства за заштита: НЕМАТОЦИДИ Активни материи: fenamiphos (phenamiphos); Име на препарат: NEMACUR 40 EC |
Употреба: NEMACUR 40 EC e органофосфатен системичен инсектицид и нематоцид кој делува контактно и дигестивно. Содржи активна материја фенамифос. Почвен пестицид кој може да се нанесе и преку системот за наводнување (најдобро капка по капка) во доза од 2L/акр. Наменет е за сузбивање на нематоди кај банана, кафе, цитрусни видови, тутун, ананас, памук, декоративни растенија, домат, зелка, компир, пиперка, морков. Спектар на дејство: Meloidogyne spp., Rotylenchus spp., Helicotylenchus spp., Belonolaimus spp., Criconemoides spp., Tylenchomynchus sp., Tylenchulus semipenetrans, Xiphinema sp., Trichodorus sp., Ditylenchus dipsaci,Radopholus similis, Aphelenchoides spp., Hoplalaimus sp., Pratylenchus spp. општата доза за употреба изнесува од 7 - 8,5 L/ha кога се употребува од 1 - 3 пати или од 14 - 17 L/ha кога се употребува еднаш (тотална доза). За сузбивање на нематоди кај домат и орнаментални украсни растенија се препорачува доза од 1 - 3 L во 200 L вода. Кај банана во доза од 7,5 L/ha Предупредување: Температурата на почвата за време на примената на формулацијата треба да биде повисока од 15 °C. Не треба да се меша со базни препарати. Најчесто е компатибилен со голем број на инсектициди. Каренца: 60 дена |
Добавувач: ДПТУ "МАГАН - МАК" ДОО - Скопје / веб страница Производител: ADAMA MAKHTESHIM Ltd Израел / веб страница |