Средства за заштита: ХЕРБИЦИДИ
Активни материи: pyridate;
Име на препарат: LENTAGRAN 45 WP

Употреба:

LENTAGRAN 45 WP e хербицид кој содржи 450 g/kg активна материја пиридат. Наменет е за сузбивање на едногодишни широколисни плевели во брокула, цикорија, анасон, зелка, карфиол, луцерка, црвена детелина, лук, зелена салата, грашок, грав, артичок, аспарагус, пченка, тутун и зачински билки. Се препорачува негова употреба по ртење или по расадување на растенијата во максимална доза од 2 kg/ha. Третманот се препорачува кога плевелите се помеѓу фазата на котиледон и фаза на 2 вистински листа. За да постигнат подобри перформанси, може да се користи во сплит апликација. Со зголемување на фазата на развој на плевелите, количината на средството потребно за сузбивање на плевелите се зголемува, така што во фазата на развојот на плевелот од листа 3 и повеќе, LENTAGRAN 45 WP се применува само еднаш но во максималната концентрација од 2 kg/ha.Кога се употребува на млади плевели во раната фаза од нивниот развој може да се користи во пониски концентрации двапати или трипати но вкупната доза на употреба да не надминува 2 kg/ha. Кога сакаме да го употребиме два пати, првата апликација треба да се направи кога плевелите се во развојната фаза од 1 - 2, листа во доза од 1 kg/ha а втората апликација по 10-14 дена подоцна исто така во доза од 1 kg/ha. Доколку сакаме да го употребиме три пати, првата апликација треба да се направи кога плевелите се во фаза на котиледони па се до развиени први листови во доза од 0,5 kg/ha а следните две апликации да се направат во интервал од 7 до 10 дена во доза од 0,5 kg/ha.


Предупредување:

Не треба да се меша со фолијарни ѓубрива, наквасувачи, маслени препарати. Може да се комбинира со хербициди на база на пендиметалин Со препаратот LENTAGRAN 45 WP може да се прска кога растенијата се добро вкоренети и цврсти.


Каренца:

21 ден за лук и кромид. 28 дена за праз, луцерка, тутун и црвена детелина. 42 дена за артичока, брокула, кељ, зелка, келераба, пченка и зачински билки. 45 дена за грав, грашок, леќа. 49 дена за карфиол.



Добавувач: ХРОМОС ПЕСТИЦИДИ - Скопје / веб страница
Производител: Belchim Crop Protection / веб страница