Средства за заштита: АКАРАЦИДИ
Активни материи: tau-Fluvalinate; tau-Fluvalinate;
Име на препарат: MAVRIK 24 EW

Употреба:

MAVRIK 24 EW е инсектицид и акарицид со изразено контактно и желудечно дејство кој содржи 240 g/L активна материја тау-флувалинат од групата на пиретроиди. Се употребува за сузбивање на штетници кои имаат устен апарат за цицање и грицкање: белокрилка (Aleuroididae), совици (Noctuidae), лисни вошки (Aphididae), трипси (Thrips spp.), пајачиња (Tetranihidae), апион (Apion spp.), ситона (Sitona spp.), памуков молец (Pectinophora gosipiella), штитести вошки (Saissetia sp.), цитрусов молец (Prays sp.), лисни болви (Psilla sp.), гасеници (Lepidoptera), стеници (Aelia spp.), Tomicus piniperda, бадемова стеница (Monosteria unicostat), зелена цикада (empoascea libica), компирова златица (Leptinotarsa decimlineata) и др. АРТИЧОКА, СЛИВА, ЦИТРУСИ (лисни и штитести вошки), ЈАБОЛЧЕСТО ОВОШЈЕ, ЗЕЛЕНА БОРАНИЈА, КОМПИР, ДОМАТ, БАДЕМ: едно третирање во концентрација од 0,1 - 0,2%. КАЈСИЈА и ЦРЕША: за заштита од лисни вошки се препорачува еден третман пред цветање во концентрација од 0,01 - 0,02%. ПРАСКА и НЕКТАРИНА: за заштита од лисни вошки се препорачува еден третман пред цветање во концентрација од 0,01 - 0,02%. За заштита од трипс се препорачува концентрација од 0,04 - 0,06%. За заштита од зелена цикада 0,02 - 0,03%. Максималното количество од препарат кои може да биде аплицирано во годината не треба да надминува 0,6 L/ha. ПАМУК: За заштита од лисни вошки и трипс потребна е концентрација од 0,01 - 0,02%. За заштита од црвено пајаче, концентрација од 0,01 - 0,05%. За заштита од совица и памуков молев концентрација од 0,03 - 0,04%. ЦИТРУСИ: за заштита од цитрусов молец потребна е концентрација од 0,03 - 0,04%. МАРУЛА: се третира на пролет/лето во концентрација од 0,02 - 0,04%. дозволени се до две апликации на поле во интервал од 7 - 14 дена. Максималната доза изнесува од 0,1 - 0,4 L/ha. Потрошувачката на вода треба да изнесува од 500 - 1000 L/ha. ДЕКОРАТИВНИ РАСТЕНИЈА И ДРВА: за заштита од лисни вошки и трипси потребна е концентрација од 0,01 - 0,02%. За заштита од црвено пајаче потребна е концентрација од 0,01 - 0,05% а за совица од 0,03 - 0,04%. ЛУЦЕРКА и ПЧЕНИЦА: 0,01 - 0,02%.


Предупредување:

Mavrik 24 EW е единствен инсектицид кој може да се користи за време на цветање на растенијата. Не делува на пчелите и природните непријатели на инсектите. Дозволени се едно до две третирања годишно во зависност од културата. Да не се третира во стакленици, пластеници ниту во било каков друг затворен простор.


Каренца:

7 дена за бадем, зелена боранија, памук и домат. 14 дена за луцерка, компир, амрула, пченица и артичока. 21 ден за слива. 28 дена за цитрусно овошје.75 дена за јаболчесто овошје.



Добавувач: ДПТУ "МАГАН - МАК" ДОО - Скопје / веб страница
Производител: ADAMA MAKHTESHIM Ltd Израел / веб страница