Средства за заштита: АКАРАЦИДИ Активни материи: Etoxazole; Име на препарат: ZOOM 11 SC |
Употреба: Препаратот ZOOM 11 SC е нов контактен селективен акарицид кој содржи 11% активна материја етоксазол. Делува контактно и дигестивно на сите стадиуми. Може да се употребува кај јаболка, круша, праска, нектарина и кајсија во количина од 50 ml препарат во 100 L вода (со потрошувачка на 1000 L вода/ha) за суабивање на црвеното овошно пајаче, жолтото лозово пајаче и копривната гриња во фаз ана пилење на зимските јајца. Кај портокалот, мандарината, лимунот, лиметата, грејпфрут, помело и сл. за сузбивање на црвеното овошно пајаче во количина од 50 ml во 100 l вода , кога ќе биде забележан нападот. Кај виновата лоза во количина од 25 ml во 100 L вода, за сузбивање на црвеното овошно пајаче и жолтиот овошен пајак, кога ќе се збележи нападот на младите листови напролет, пред цветање (BBCH 57). Кај доматот на отворено и во затворен простор против црвеното овошно пајаче и копривната гриња во концентрација од 0,035 - 0,05% односно 0,35 - 0,5 l/ha (со потрошувачка на вода од 1000 L/ha), кога ќе се забележат првите подвижни форми. ЛУБЕНИЦА, ДИЊА и ТИКВА: против црвеното овошно пајаче и копривната гриња во концентрација од 0,04 - 0,05% или 0,4 do 0,5 L/ha (со потрошувачка на вода од 1.000 L/ha). УКРАСНИ РАСТЕНИЈА: против црвеното овошно пајаче и копривната гриња во концентрација од 0,025 - 0,05% или 0,25 do 0,5 L/ha (со потрошувачка на вода од 1000 l/ha) кога ќе се забележат првите подвижни форми. Предупредување: Дозволена е само една апликација годишно. Каренца: 14 дена за праска, нектарина, лимун, лимрта, цитрон и сл. 28 дена за круша и јаболка. 3 дена за домат, лубеница и диња. За виновата лоза при третман пред цветање каренцата е обезбедена со времето на употреба. |
Добавувач: ДППУ „РАДОМАК“ ДОО - Скопје-Петровец / веб страница Производител: SUMITOMO CORPORATION LTD |