Средства за заштита: ИНСЕКТИЦИДИ Активни материи: pyriproxyfen; Име на препарат: ADMIRAL 10 EC |
Употреба: ADMIRAL 10 EC e инсектицид кој содржи активна материја пиропроксифен 100 g/L, инсектицид со нов механизам на дејство од групата на подржувачи на јувенилниот хормон. Влијае на јувенилниот хормон заради што доаѓа до инхибирање на ембриогенезата и преслекувањето на инсектите. Делува ларвицидно, при што ефикасноста е поголема во пораните стадиуми на ларвата. Наменет е за употреба кај домат, пиперка и краставица за сузбивање на белокрилка (Trialeurodes vaporariorum) во концентрација од 0,05%, со две третирања во интервал од 14 дена. Кај украсни дрвја, украсни грмушки и украсни растенија за сузбивање на штитести вошки (Coccidae) и лажни штитести вошки (Pseudococcidae) во концентрација од 0,05%. Предупредување: Производот може да се интегрира во биолошките контролни техники применети кај белокрилката, бидејки е безбеден за Encarsia formosa и предаторски пајачиња (Phytoseiulus persimilis). Доколку препаратот се употреби на јавна површина, треба да се исполнат следните услови, покрај строгото почитување на мерките за претпазливост и одредбите за јавното здравје: дозволена е употреба помеѓу 22.00 часот и 01.00 со строго почитување на техниките за нанесување во случај на употреба на јавни површини; Луѓето да не бидат присутни на тазе третирани површини. Каренца: Работна каренца: 0 дена Интервал пред жетва: 3 дена за домат, пиперка и краставица , и ниеден за декоративни растенија. |
Добавувач: ДППУ „РАДОМАК“ ДОО - Скопје-Петровец / веб страница Производител: SUMITOMO CHEMICAL AGRO EUROPA S.A.S. / веб страница |