Средства за заштита: АКАРАЦИДИ Активни материи: Acrinathrin; Acrinathrin; Име на препарат: RUFAST AVANCE |
Употреба: RUFAST AVANCE е селективен инсектицид и акарицид со широк спектар на дејство. Содржи активна материја акринатрин која делува контактно и дигеастивно. Наменет е за сузбивање на пајачиња, трипси (Thrips spp.), лисни болви (Psylla spp.), свиткувачи (Carpocapsa) и комарци. Одлични резултати се постигнуваат кога се аплицира во периодот пред пилење на ларвите или кога ќе се појават младите ларви ( L1 и L2) во доза од 60 ml/hL. За сузбивање на ларви од подоцнежните развојни фази (L4, L5) треба да се употребата повисоки дози (100 ml/hL). Комбинацијата со масла може да ја подобри ефикасноста на препаратот. За сузбивање на трипс и црвеното пајаче треба да се аплицира кога ќе се појават првите мобилни форми. За суабивање на свиткувачи треба да се аплицира кога ќе биде надминат прагот на штетност. Кај кајсија и праска треба да се направи една апликација годишно, кај зелената салата максимум две апликации во вегетација, кај тиквица и краставица максимум три апликации. Може да се употреби и за заштита на трпезни и вински сорти на винова лиза од Еmpoasca sp., Jacobiasca lybica и Scaphoideus titanus во доза од 200 ml/ha со потрошувачка на вода од 1000 L/ha. Дозволена е само една апликација годишно. За заштита на праски и нектарини од трипс (Thrips sp.) треба да се аплицира во доза од 300 ml/ha со потрошувачка на вода од 500 - 1000 L/ha во фенофаза BBCH 67- 69. Дозволена е една апликација годишно. За заштита на домат и пиперка од трипс препорачаната доза е исто така 300 ml/ha со потрошувачка на вода од 500 - 1000 L/ha во фенофаза пред цветање BBCH 56. Дозволена е само една апликација годишно. За заштита на диња, краставица и грав од трипс Tripes (Thrips sp. и Frankliniella occidentalis) се препорачува во доза од 300 ml/ha со потрошувачка на вода од 500 - 1000 L/ha во фенофаза пред цветање BBCH 56. Дозволена е само една апликација годишно. Може да се употреби и за заштита на украсни растенија како каранфил, гербер, роза, антуриа (Anthurium sp.) од трипс (Heliothrips haemorroidalis, Frankliniella occidentalis, Thrips simplex, Thrips tabaci, Trips flavus) во доза од 80 ml /hl (6 g/hl). Предупредување: Вкупната аплицирана доза не треба да надминува 0,3 L/ha. Каренца: трпезни и вински сорти на винова лоза - 28 дена; За останатите култури каренцата е обезбедена со времето на употреба. |
Добавувач: ДППУ „РАДОМАК“ ДОО - Скопје-Петровец / веб страница Производител: CHEMINOVA A/S / веб страница |