Средства за заштита: ИНСЕКТИЦИДИ
Активни материи: Flonicamid;
Име на препарат: TEPPEKI 500 WG

Употреба:

TEPPEKI 500 WG e системичен инсектицид - афицид кој содржи 50% активна материја флоникамид. Делува контактно и дигестивно. Вошките престануваат да се хранат 1 час по апликацијата а изумираат во рок од 2 - 5 дена. Во растенијата се пренесува трансламинарно а се усвојува преку листот и коренот. За време од 3 часа TEPPEKI 500 WG целосно е усвоен од растението и дождовите не може да го исперат. Ефикасно ги сузбива вошките кај пченката (Rhopalosiphum maidis), јаболката (јаболкова зелена вошка (Aphis pomi), јаболкова пепеласта вошка (Dysaphis plantagonea) крушкова пепеласта вошка (Dysaphis pomi), праската (Myzus persicae), вишната (Myzus cerasi), сливата (Anuraphis helichrysi, Dazctynotus ambrosiae), диња и лубеница (Aphis gossypii), компир (Myzus persicae, Aphis nasturii, Aphis frangulae, Macrosiphum euphorbiae), јагода (Aphis spp.), домат (Myzus persicae, Macrosiphum euphorbiae) и ружа (Macrosiphum rosae). Ефикасно ја сузбива и крушковата болва (Psylla pyri) a ја намалува популацијата на крвавата вошка (Eriosoma lanigerum). Кај јаболката се препорачува доза од 140 g/ha во период пред цветање и после цветање. Долготрајното дејство на препаратот овозможува јаболката да биде заштитена и во периодот на цветање. Дозволени се до три третирања во годината. Кај праската се употребува во доза од 140 g/ha. се препорачува прскање со TEPPEKI 500 WG кога ќе биде надминат прагот на штетност а првото прскање треба да се направи пред цветање и да се ротира со други инсектициди. Кај зеленчук (домат, пиперка, краставица, зелка, зелена салата) се препорачува во доза од 120 g/ha откако ќе се појават првите вошки. Дозволени се до три третирања во сезона со тоа штопотребно е да се ротира со други инсектициди. TEPPEKI 500 WG може да се употреби и за сузбивање на белокрилка (Trialeurodes vaporariorum, Bremisia tabaci). апликацијата треба да се направи преку системот капка по капка во доза од 200 g/ha. Се употребува рано по пресадување кога растенијата се вкоренуваат до 2 - 3 недели по пресадување. По потреба третманот се повторува после 1 - 2 недели. Во случај на две апликации преку системот за наводнување дозволена е и трета фолијарна апликација но под услов претходно да се употреби инсектицид со друг механизам на дејство.


Предупредување:

TEPPEKI 500 WG се вклучува одлично во сите антирезистентни програми за заштита. Не е штетен за корисните инсекти, предатори и полинатори. Не ги загадува подземните води. Интензивната свелина и високите температури не го намалуваат неговото дејство.


Каренца:

за зеленчук 3 дена.



Добавувач: „ХЕМОМАК ПЕСТИЦИДИ“ ДОО - Велес / веб страница
Производител: ISK “BIOSCIENCE” Europe S.A.