Средства за заштита: ХЕРБИЦИДИ
Активни материи: Dimethachlor;
Име на препарат: TERIDOX 500 EC

Употреба:

TERIDOX 500 EC претставува селективен почвен хербицид за сузбивање на теснолисни и широколисни плевели кај маслодајна репка кои се размножуваат со семе. TERIDOX 500 EC делува преку почвата, плевелите го апсорбираат преку коренот и колеоптилот. Делува на тој начин што ја спречува делбата на клетките и предизвикува застој во растот на плевелот. За сузбивање на теснолисни и широколисни плевели кај маслодајна репка максимално дозволена доза е 2 L/ha, еднаш во три години со потрошувачка на вода од 200 - 400 L/ha (20-40 L на 1000 m2). . Може да се аплицира непосредно по сеење а пред никнење на културата во доза од 2 L/ha (200 ml на 1000 m2) или по никнење на културата во истат доза но до фаза на развој на 2 - 4 листа. Најдобро ги сузбива тревестите плевели во фаза на никнење па се до појава на првиот лист а широколисните плевели во фаза на котиледони до појава на првиот пар листови. (20-40 l na 1000 m2).


Предупредување:

TERIDOX 500 EC не треба да се користи повеќе од еднаш на три години. Заради заштита на подземни и површински води не е дозволена апликација на доза поголема од 2 L/ha и затоа не треба да се употребува кај пропустливи почви (песочни почви). При употреба на TERIDOX 500 EC по никнење на маслодајната репка дозволена е употреба само во есен. Во случај на преорување на почвата, следната година на пролет може да се посее соја, пченка или маслодајна репка.


Каренца:



Добавувач: ДТ „ХОЛМА“ ДООЕЛ - Струмица / веб страница
Производител: SYNGENTA CROP PROTECTION AG / веб страница