Средства за заштита: ИНСЕКТИЦИДИ
Активни материи: emamectin;
Име на препарат: AFFIRM

Употреба:

Инсектицидот AFFIRM содржи активна материја емамектин во вид на емамектин бензоат, 17 g/L. Се користи за заштита на памук од Heliothis Helicoverpa armigera и Helicoverpa punctiger во доза од 550 mL/ha или 700 mL/ha со додавање на сурфактант кога ларвите не се поголеми од 5 mm. Потрошувачката на вода треба да изнесува 80 L/ha. Дозволени се до 4 апликации кај памукот во сезона. Кај маслодајната репка се користи за сузбивање на Plutella xylostella во доза од 150 - 300 mL/ha со додавање на сурфактант во периодот кога популацијата на ларви ќе го надмине економскиот праг на штетност. Потрошувачката на вода треба да изнесува 100 L/ha Дозволени се до две апликации во сезона. Кај мешункстите култури се користи за сузбивање на Helicoverpa armigera, Helicoverpa punctigera, Thysanoplusia sp., Plutella xylostella во доза од 150 - 300 mL/ha. Потрошувачката на вода треба да изнесува од 80 - 100 L/ha За оптимални резултати апликацијата треба да се направи во периодот на пилење на ларвите. Не треба да се аплицира кога ларвите се поголеми од 5 mm. Дозволени се до две апликации во интервал од 7 дена. Доколку препаратот AFFIRM се користи за авионско третирање потрошувачката на вода треба да биде најмалку 20 L/ha.


Предупредување:

AFFIRM е многу токсичен за пчелите и затоа не треба да се аплицира во период на цветање и да се заштитат пчелите од неговото дејство.


Каренца:

работна каренца 12 часа.



Добавувач: ДТ „ХОЛМА“ ДООЕЛ - Струмица / веб страница
Производител: SYNGENTA CROP PROTECTION AG / веб страница