Средства за заштита: ХЕРБИЦИДИ
Активни материи: dicamba; Topramezone;
Име на препарат: STELLAR

Употреба:

STELLAR е хербицид кој во својот состав содржи две активни материи топрамезон 50 g/L и дикамба 160 g/L. Наменет е за сузбивање на теснолисни и широколисни плевели кај пченка. Се аплицира кога плевелите имаат 3 -4 листа а пченката не е повисока од 800 mm. Препорачаната доза изнесува 700 ml/ha a потрошувачката на вода 200 - 300 L/ha. Ефикасен е во сузбивање на следниве теснолисни плевели: Brachiaria eruciformis, Chloris gayana, Chloris virgata, Eragrostis curvula, Eragrostis tef, Chloris virgata, Lolium multiflorum, Dactyloctenium aegyptium, Panicum maximum, Digitaria eriantha, Panicum schinzii, Digitaria sanguinalis, Tragus berteronianus, Echinochloa colona, Urochloa mosambicensis, Echinochloa crus-galli, Urochloa panicoides, Eleusine coracana. Од широколисните плевели ги сузбива: Acanthospermus hispidum, Euphorbia helioscopia, Amaranthus deflexus, Fallopia convolvulus, Amaranthus hybridus, Amaranthus spinosus, Gisekia pharnacoides, Amaranthus thunbergii, Helianthus annua, Bidens pilosa, Hibiscus trionum, Chenopodium album, Ipomoea purpurea, Chenopodium carinatum, Nicandra physaloides, Citrullus lanatus, Physalis angulata, Cleome gynandra, Portulaca oleraecea, Cleome monophylla, Richardia brasiliensis, Commelina benghalensis, Schkuhria pinnata, Crotalaria sphaerocarpa, Tagetes minuta, Datura ferox, Tribulus terrestris, Datura stramonium, Xanthium strumarium, Emex australis.


Предупредување:

да не се меша со препарати кои содржат активна метрија цианазин. Компатибилен е со препарати на база на атразин и тербутилазин (DashTM HC, Imiboost, Basagran), халосулфурон (Fastac). Доколку на површините се појави плевелот Cyperus esculentus, STELLAR треба да се употреби во комбинација со BASAGRAN (бентазон) или некој препарат на база на халосулфурон. По апликацијата на STELLAR потребно е да помине извесен период пред да се знасади следната култура. Така, за да се насади пченица и јачмен треба да помине период од 1 месец. За да се насади соргум 2 месеци, за да се насади компир 6 месеци, за соја, кикиритка, сончогле ди памук треба да помине период од 6 месеци и за останатите култури 10 месеци.


Каренца:

Обезбедена со времето на употреба.



Добавувач: „ХЕМОМАК ПЕСТИЦИДИ“ ДОО - Велес / веб страница
Производител: BASF / веб страница