Средства за заштита: ФУНГИЦИДИ
Активни материи: Meptyldinocap;
Име на препарат: KARATANE GOLD 350 EC

Употреба:

KARATANE GOLD 350 EC е фунгицид со активна материја метилдинокап 350 g/L од групата на динитрофеноли. Делува на сите развојни стадиуми на патогенот така што го инхибира клеточното дишење. Наменет е за сузбивање на пепелница кај јаболката (Podoshaera leucotricha) и виновата лоза (Uncinula necator) во доза од 0,4 - 0,5 L/ha (4 - 5 ml на 100m2). Кај виновата лоза се применува во текот на целата вегетација, превентивно или по појавата на првите симптоми. Кај јаболката се употребува превентивно на почеток на вегетацијата пред да се создадат услови за појава на секундарни зарази. Потрошувачката на вода треба да биде 1000 L/ha.


Предупредување:

Може ефикасно да се применува на температура од 5 – 30°C. Отпорен е на испирање од дождови така што ни врнежи до 50 mm еден час по апликацијата не можат да го измијат од површината на листот. Поседува еридикативно дејство кон клеистотециите од пепелница а поседува и споредно дејство кон грињи. Може да биде фитотоксичен кој јаболка од сортата „Црвен делишес“ доколку се применува во време на цветање на температура над 25°C. Не ја нарушува ферментацијата и органолептичките својства на виното. Поседува ниска акутна и хронична токсичност кон цицачите. Брзо се разградува и не е штетен за корисните организми. Може да се користи во програмите за интегрална заштита. Не треба да се меша со препарати на база на бакар и маслени формулации. Ги надразнува кожата и очите и затоа потребно е да се носи заштитна опрема.


Каренца:

21 ден



Добавувач: ДППУ „РАДОМАК“ ДОО - Скопје-Петровец / веб страница
Производител: DOW Agro Sciences V.M.B.H