Средства за заштита: ФУНГИЦИДИ Активни материи: carboxin; thiram; Име на препарат: VITAVAX 200 FF |
Употреба: VITAVAX 200 FF е фунгицид наменет за сузбивање на фитопатогени габи кои го напаѓаат семето, почвени паразити а исто така може да се употреби и како стимулатор на пораст. Се користи за запрашување на семе кај пченица, јачмен, тритикале, овес, соја, пченка, маслодајна и шеќерна репка. Содржи две активни материи тирам (20,00%) и карбоксин (20%). Се употребува за заштита на семето од житни култури од прашлива гламница (Ustilago nuda), смрдлива гламница (Tilletia spp.), сива пегавост (Stagonospora nodorum), мрежеста пегавост (Pyrenophora teres), фузариум (Fusarium spp.) како и за заштита на семето од пченка од меуреста гламница (Ustilago maydis), фузариум (Fusarium spp.), хелминтоспориум (Helminthosporium spp.), сечење на расадот и гниење на никулците (Pythium spp.) и складишни патогени како аспергилус (Aspergillus spp.), пеницилиум (Penicillium spp.). Кај сојата се користи за заштита на семето од Fusarium spp., Aspergillus spp., Penicillium spp., Phmopsis spp., Rhizoctonia spp. Се препорачува доза од 2-3 g на 1 kg семе освен кај соја каде што препорачаната доза изнесува 2 g на 1 kg семе. Може да се користи и за дезинфекција на тубери од семенски компир при што го штити компирот од Rhizoctonia solani. За таа цел 200 g Vitavax се раствора во 100 L вода. Се потопуваат туберите 15 - 20 min. и се сушат пред садење. Предупредување: Vitavax не делува штетно на азотофиксирачките бактерии. Третираното семе не треба да се употребува за исхрана на човекот и животните. Каренца: Обезбедена со времето на употреба. |
Добавувач: ДППУ „РАДОМАК“ ДОО - Скопје-Петровец / веб страница Производител: CHEMTURA / веб страница |