Средства за заштита: ФУНГИЦИДИ Активни материи: Copper oxide; Име на препарат: Црвено масло |
Употреба: Црвеното масло претставува комбинација од 10% бакар во вид на бакарен оксид и 20% минерално масло. Делува и како фунгицид и како инсектицид. Како фунгицид може да се употребува за сузбивање на краставост (Venturia pyrina) кај јаболката и крушата во концентрација од 2-3% (200-300 ml во10 L на вода) со апарат кој овозможува постојано мешање на препаратот во резервоарот во текот на работата. се аплицира во фенофазата А (зимски пупки) во концентрација од 2 - 3%, во фенофазата Б (зелени папки) во концентрација од 1% и во фенофазата C3 (диференцирани ливчиња) во концентрација од 1,5%. Кај праската се употребува за сузбивање на кадравост на листовите (Taphrina deformans) во концентрација од 1% во фенофаза B и C (според Fleckinger). Kaj виновата лоза се користи за сузбивање на црната пегавост (Phomopsis viticola) во концентрација од 2 - 3% во фенофаза B -C и 1% во феноваза D - E. Кај коскестите овошни видови се користи за сузбивање на шупликавост (Stigmina carpophila) во фенофазата А во концентрација од 2 -3%. Предупредување: Максимален број на третирања во сезона до два пати. Вотекот на апликацијатав потребно е постојано мешање на препаратот во резервоарот. Каренца: |
Добавувач: ТДПТУ „АЛГИНА“ДОО - Скопје Производител: HERBOS d.d. / веб страница |