Средства за заштита: ФУНГИЦИДИ Активни материи: Flutriafol; Име на препарат: IMPACT 25 SC |
Употреба: IMPACT 25 SC е фунгицид со превентивно и куративно дејство. При третирање се абсорбира од лисната маса, продира во спроводните садови и преку ксилемот се распространува акропетално во целото растение, вклучувајќи ја и новонастаната маса по третирањето. Ја инхибира биосинтезата на ергостерол, го стопира на растот на хифите и врши разрушување на клеточниот ѕид кај фитопатогените габи. Се употребува кај пченица за сузбивање на пепелница (Erysiphe graminis), кафеава рѓа (Puccinia recondita) и жолта рѓа (Puccinia striformis) во доза од 0,5 Л/ха со употреба на 150-200 литри вода при тракторско третирање или 30-50 литри при авионско третирање. Кај јачменот може да се употребува за сузбивање на пепелница (Erysiphe graminis f. hordei) во доза од 0,5 L/ha со употреба на 150-200 литри вода при тракторско третирање или 30-50 литри при авионско третирање. Kaj шеќерната репа дејствува против пепелница (Erysiphe communis f. betae) и против темна дамкавост на листот (Cercospora beticola) во доза од 250 ml/ha со употреба на 150-200 литри вода. Кај виновата лоза за сузбивање на пепелница (Uncinula necator) во доза од 0,3 L/ha сo употреба на 1000 литри вода. Кај jболката за сузбивање на чадлива краставост на лисјата и плодовите (Venturia inaequalis) во доза од 0,4 - 0,5 L/ha а за пепелницата на јаболката (Podosphaera leucotricha) и `рѓата (Gymnosporangium spp.) во доза од 0,3-0,4 L/ha. Предупредување: Може да се меша со други инсектициди и фунгициди, но задолжително да се направи тест за компатибилност меѓу продуктите.MPACT 25 SC не предизвикува несакани последици во препорачаните дози и не влијае негативно на наредната култура во плодоредот. Каренца: 30 дена |
Добавувач: ДППУ „РАДОМАК“ ДОО - Скопје-Петровец / веб страница Производител: CHEMINOVA A/G / веб страница |