Средства за заштита: ФУНГИЦИДИ Активни материи: Dimethomorph; Име на препарат: Forum® GOLD |
Употреба: Forum® GOLD е фунгицид кој во својот состав има две активни материи: 15 g dimetomorf и 35 g Dithianon. Посеува локално системично дејство против пепелница кај виновата лоза. Интерферира со биохемиските процеси што учествуваат во создавање на клеточниот ѕид кај габите предизвикувајќи дезинтеграција на клетката и изумирање на патогенот. Активната материја dimethomorph интензивно се апсорбира за време од 1-2 часа од местото на апликација на листовите транслоцирајќи се на површината на целиот лист. Активната материја Dithianon посеува висока отпорност кон измивање и дејствува на повеќе начини, затоа Forum® GOLD поседува превентивно, куративно и антиспорулациско дејство. Компатибилен е со повеќето инсектициди и фунгициди кои се употребуваат во заштитата на виновата лоза. За сузбивање на пепелница кај виновата лоза се користи во концентрација од 1,25 - 1,5 kg/ha во период од појава на листовите до крајот на цветање. дозволени се до три третирања во текот на вегетацијата. Предупредување: Забележана е појава на фитотоксичност кај сортите винова лоза Corvina, Corvinone, Garganega, Lambrusco, Malvasia, Molinara, Rondinella и Slave, поради што се препорачува употреба на Forum® GOLD до фаза на цветање. Затоа потребно е на локалните сорти да се спроведе прелиминарен тест за фитотоксичност на неколку растенија па дури потоа да се третира целата површина. Токсичен е за околината Каренца: 40 дена |
Добавувач: ДОО "ХЕМОМАК ПЕСТИЦИДИ" - Велес Производител: BASF AGRO B.V. / веб страница |