Средства за заштита: ХЕРБИЦИДИ Активни материи: Cloquintocet mexyl; Pinoxaden; Име на препарат: AXIAL |
Употреба: Хербицидот AXIAL содржи активна материја пиноксаден, 100 g/L и клоквиноцетил метил, 25 g/L. се аплицира во доза од 0,3 - 0,6 L/ha со потрошувачка на вода од 100 - 400 L/ha. Наменет е за сузбивање на див овес како и перенијални и ануални треви (Lolium perenne, Lolium multiflorum и други видови од од родот Lolium) во зимска и пролетна пченица и јачмен. Наменет е и за контола лисичја опашка односно црна трева (Alopercurus myosuroides) во програмата на интегрална заштита кај зимски и пролетен јачмен но не треба да се користи кај зимска и пролетна пченица за сузбивање на лисичја опашка. Кај зимска и пролетна пченица се препорачува доза од 0,45 L/ha а кај зимски и пролетен јачмен доза од 0,60 L/ha, со додавање на наквасувач ADIGOR (во концентрација од 0,5% од вкупниот подготвен волумен за прскање. Kонцентрацијата на наквасувачот може да се зголеми и до 1% од волуменот кога се употребува доза помала од 200 L/ha. Може да се аплицира на пролет, во зима или на есен во фаза на развиени два листа (GS12) до фазе пред да се појави листот заставичар. апликацијата треба да се направи кога поголем дел од плевелите се развиени но пред да го редуцираат приносот. Предупредување: Дозволена е само една употреба на AXIAL во сезоната. Да не се употребува кај овес. Да не се меша со хормонски хербициди. Доколку AXILAL е употребен какао прв пестицид треба да поминат најмалку 7 дена пред да се аплицира некој хормонски хербицид. Во спротивно доколку прво е аплициран хормонски хербицид треба да поминат најмалку 21 ден пред да се аплицира AXIAL. Врнежи еден час по апликацијата на AXIАL може да го намали неговото дејство. Со овој препарат не треба да се третираат заболени растенија или растенија кои се под стрес. При третирање за се спречи загадување на водотеците, бунарите, езерата и изворите.Третирање со авион не е дозволено. Каренца: Не остава резидуи. |
Добавувач: ДТ „ХОЛМА“ ДООЕЛ - Струмица / веб страница Производител: Syngenta Crop Protection AG / веб страница |